Како рационално да организирате бања со мала квадратура?

17 февруари 2020

Наместо да гледате како на проблем и недостаток на простор, малата квадратура на бањата во вашиот дом нека ви биде предизвик.

Како да ја организирате со сите неопходни елементи, па притоа да биде не само функционална туку и допадлива?

Секако дека опциите се бројни.

Тргнете од моментот дека неколку базични елементи мора да ги сместите, а сè што е дополнително, соодветно да го имплементирате.

За бањи со мала квадратура најчесто се преферира туш кабина наместо каде, со цел што порационално да се искористи просторот.

Искористете ги ѕидовите на кои може да прикачите елементи со различни функции, како на пример закачалки или полици.

Бирајте бои и нијанси кои ќе му овозможат на просторо да „дише", а за да го акцентирате, одберете некој интересен принт или комбинација од плочки во дезен што ќе се одвојува од остатокот.

Огледалото и осветлувањето исто така имаат големо значење во доловувањето на визуелната слика, особено поради тоа што токму огледалото визуелно го зголемува просторот.

Не заборавајте на декорациите. Токму тие му даваат автентичен карактер на секој просто, вклучително и на бањата. Ароматични свеќи или мали саксии со цвеќе, плетена корпа, па дури и декоративни елементи на полиците, може да создадат сосема поинаква димензија и доживување во вашата бања.

За инспирација послужете се со фотографиите во продолжение.

Фото: Pinterest

 

Објавено:
17 февруари 2020
Категорија: 
Архитектура
Прочитано:
970 пати