КАРЕ - Германски квалитет достапен и кај нас

21 ноември 2019

Повеќе од сто продавници, во педесетина земји во светот, а од неодамна на мапата на „Каре“  се најде и Македонија.

Брендот за мебел и осветлување се води од синтагмата дека живеењето треба да е радост. Затоа, нудат високо квалитетни парчиња мебел, кои совршено ќе се вклопат во сечиј дом.

Во трендовски бои, од „КАРЕ“ нудат производи кои можат да бидат дел од различни стилови. Она што е уште поважно да се спомене е дека „КАРЕ“ не продава само мебел туку и ги комбинира своите
продукти во театрални амбиенти и декорации што водат кон вистинска инспиративна животна приказна.

Брендот им се обраќа на сите оние што сакаат да направат отстапка од монотонијата и на живеење и на уредување.  „Сè освен обично“ е философијата на брендот кој нуди врвен дизајн, одличен квалитет, а за добра цена. 

За оние што сè уште не го посетиле, салонот на „КАРЕ“ кој ќе ви понуди едно поинакво шопинг искуство, се наоѓа на улица „Варшавска“ број 1, во населбата Тафталиџе.

Дел од понудата можете да видите и на нивниот Фејсбук профил, Инстаграм и веб страна.

Нека вашиот дом биде исполнет со радост, живот, боја, квалитет. Нека биде од „КАРЕ“.

*комерцијален текст

 

Објавено:
21 ноември 2019
Категорија: 
Архитектура
Прочитано:
1.474 пати