Кога пролетта ќе расцути во најволшебните градини низ светот...

23 март 2019

Ако ја имате привилегијата да живеете во куќа со двор, тогаш уживањето во пролетта е посебно.

А ако покрај привилегијата, поседувате и ентузијазам и желба да си го уредите дворот по сопствен мерак, тогаш ги имате основните услови да го трансформирате во волшебна градина.

Тука е вашот духовен мир, вашето омилено интимно катче, место каде може да земете здив со полни гради – па ако сето тоа се земе во предвид, заслужува да му посветите особено внимание.

И доколку покрај сите претходно наведени предуслови, ви недостасува инспирација, ние направивме виртуелна прошетка низ најубавите пролетни градини низ светот и преку фотографии ви носиме доза инспирација – сосема доволна за да започнете со преуредувањето на вашата пролетна оаза.

Фото: Пинтерест

 

Објавено:
23 март 2019
Категорија: 
Архитектура
Прочитано:
458 пати