Кои се предностите ако купите стан во изградба...

13 март 2020

Иако многумина во нивната потрага по идеалното живеалиште преферираат веќе изграден стан, сепак да се избере стан во зграда која е сè уште во изградба си има свои предности. Прочитајте подолу зошто и кои се предностите да купите стан во изградба.

Пониска цена – со купување на стан во изградба ќе може да си дозволите поголема квадратура со истиот буџет, затоа што цената е пониска за зграда во изградба. Штом зградата се заврши, цените се балансираат за да се изедначат со останатите станови во околината. За се што Ве интересира во врска со цени и начини на плаќање, оставете го Вашиот контакт ТУКА и еден од нашите агенти ќе Ве информира.

Подобри опции – кога резервирате стан во изградба имате повеќе опции да изберете живеалиште на кој кат и ориентација сакате. Како што напредува изградбата на зградата, толку помалку опции имате. Доколку барате готови станови, тогаш ќе морате да се задоволите со становите кои се понудени на пазарот. За слободни станови во објектите на Елена Лука Хоме информирајте се тука.

Повеќе за содржината прочитајте тука.

Објавено:
13 март 2020
Категорија: 
Архитектура
Прочитано:
899 пати