Корисни идеи како да уредите дневен престој и кујна во мала квадратура

31 јануари 2020

Модерната архитектура постојано трага по рационални, а истовремено естетски решенија, како на најефективен начин да го уредите дневниот престој заедно со кујна сместени во мала квадратура.

Вообичаено, младите семејства се сместуваат во станови токму со таков распоред, каде што кујната е споена со дневната соба, па умешноста на уредувањето се гледа во максималната искористеност на просторот (што апсолутно не значи и пренатрупаност).

Минималистичкиот начин на уредување секогаш укажува на тоа да се даде слобода на просторот да „дише".


Па ако го следиме тоа „правило", секогаш ќе посегнеме по решенија во кои линиите се едноставни, мебелот е практичен, елементи има онолку колку што се неопходни, а за индивидуалноста и карактерот на просторот зборуваме преку деталите.

Па во тој контекст, на интернет пребарувавме модерни и ефикасни ентериери кои, доколку сте во фаза на уредување или преуредување, ќе ви помогнат.

Фото: Pinterest

Објавено:
31 јануари 2020
Категорија: 
Архитектура
Прочитано:
4.625 пати