Корисни идеи од Пинтерест: Сите намени на дрвените скалички во уредувањето на ентериерот

13 октомври 2020

Наместо полица или закачалка, дрвените скалички се популарен хит и наоѓаат сè поширока примена во уредувањето на ентериерот.

Особено се актуелни во скандинавскиот стил на декорирање на домот, но со оглед на тоа колку се популаризираа во модерното ентериерно уредување, веќе неретко ги среќаваме и во другите стилови како рустичниот, па дури и класичниот.

Нивната функција истовремено е естетска, но и практична, со што може да ви овозможат да заштедите простор и да ги искористите на пример како закачалка во било која просторија во домот или пак како украсна полица на која може да складирате книги, саксии со цвеќиња, хигиенски прибор или пак декоративни детали.

Особено делуваат романтично во комбинација со суптилни светилки, па така да ги искористите дополнително за пријатен и топол амбиент во домот.

За тоа како може да ги имплементирате во вашиот простор, ве инспирираме со неколку интересни идеи од Пинтерест.

 

Објавено:
13 октомври 2020
Категорија: 
Архитектура
Прочитано:
825 пати