Секоја ера носи своја инспирација за ентериер. Педесетите години на минатиот век беа во знакот на пастелниот декор, а ова посебно беше случај во кујните кои биле обоени со пастелни бои од подот, па се до таванот, давајќи меко, но динамично чувство кое и денеска можеме да го видиме во некои ретро ресторани.

Иако помина многу време од тогаш, не мора да значи дека не можете да се препуштите на влијанието на овој шармантен декор. Ви претставуваме некои од најубавите пастелни кујни кои го канализираат духот на минатиот век и можат да овозможат инспирација за вашиот дизајн.

Причината зошто оваа палета на бои е толку единствена е тоа што пастелните нијанси дефинитивно имаат големо враќање на сцената, многу се популарни и можат да се комбинираат со модерните, ретро, динамични тонови. Вашата кујна ќе изгледа совршено во секој поглед и секојпат кога ќе зачекорите во неа ќе се чувствувате како да сте отпатувале во друго време со Вашата временска машина.

Повеќе за оваа содржина погледнете на овој линк.

 

Објавено:
25 март 2017
Категорија: 
Архитектура
Прочитано:
1.019 пати