Куќата што Том Форд им ја зема на Бијонсе и Џеј Зи...

18 мај 2016

Џеј Зи и Бијонсе повторно ја загубија битката во пронаоѓање на совршениот дом во Лос Анџелес, овој пат, од дизајнерот Том Форд. 

Според информациите што неодамна ги објави порталот ТМЗ, дизајнерот понудил 50 милиони за оваа фантастична куќа, што било за неколку милиони повеќе од понудата на познатата двојка. 

Како што можете да погледнете од фотографиите, станува збор за фантасична куќа на неверојатна локација која се простира на повеќе од 1.300 метри квадратни. 

Во истата, дизајнерот ќе ужива во вкупно девет спални соби и 10 бањи. Куќата е изградена во 1934 – тата година, а досега во неа живееле бројни познати личности меѓу кои и продуцентот на серијалот за Џејмс Бонд Алберт Броколи. 

Џеј Зи и Бијонсе изгубија уште една битка при наддавање за куќа во која сакаа да живеат назад во 2014 – тата, кога истата ја купи креаторот на Мајнкрафт, Маркус Персон. 

Тогаш куќата беше прогласена за една од најубавите, а во галеријата може да погледнете за што всушност станува збор. 

 

Објавено:
18 мај 2016
Категорија: 
Архитектура
Прочитано:
1.227 пати