Легендарниот стан на Мерилин Монро во срцето на Њујорк

2 јули 2016

Доколку саката да се почувствувате како филмска звезда од златната ера на Холивуд, а имате во џебот сума од 7 милиони долари, овој стан е вистински избор.


За сите љубители на филмската класика од Холивуд, станот во кој живеела познатата Мерилин Монро претставува навистина посебно задоволство. Со сентименталната, доаѓа и пазарната вредност која воопшто не е мала. Станот е проценет на 7 милиони долари и се наоѓа на исклучителна локација која има воодушевувачки поглед кон Ист ривер.


Станот во Њујорк е место каде се случувале некои од најлудите забави кои ги приредувал модниот дизајнер Бил Блас, исто така еден од претходните сопственици. Без сомнеж сите елитни гости биле воодушевени од погледот на градот од фанстастичниот балкон. Луксузна недвижнина како оваа, во текот на претходните децении сменила прилично познати сопственици. Покрај легендарната актерка Мерилин Монро, во станот живееле и актерот Кери Грант, додека до пред кратко време сопственичка на станот била принцезата на Шведска.

Зградата во која се наоѓа станот е изградена во периодот пред Втората светска војна. Се протега на површина од 200 метри квадратни, додека во склоп на станот се наоѓаат две спални соби, две бањи, како и модерна кујна и солариум.

Не изненадува фактот дека сопственичка на станот била токму Мерилин Монро, бидејќи е познато дека актерката имала исклучителен вкус, па дури и кога биле недвижностите во прашање. Њујорк Тајмс во својата репортажа наведува дека познатата актерка и нејзиниот сопруг Артур Милер се преселиле во овој луксузен стан на тринаесетиот кат веднаш по венчавката во 1956-тата година. Мерилин Монро претходно изнајмувала стан кој се наоѓал во близина на истата улица.

Ќе остане запаметено дека сценариото за филмот „Неприлагодени" со Кларк Гејбл и Мерилин Монро во главните улоги настанало токму во овој стан, додека популарната актерка често била забележувана во блискиот парк, како се шета со нејзиниот малтешки териер. Познатиот холивудкси пар живеел во станот се до разводот во 1961-та година.

Објавено:
2 јули 2016
Категорија: 
Архитектура
Прочитано:
3.727 пати
Извор: 
New York Times