Летна оаза во вашиот дом – еве како да го постигнете ефектот

26 јуни 2019

Да, возможно е летото да си го донесете дома. А тоа ќе го постигнете со вистинскиот избор на ткаенини, материјали, нијанси и детали, секако паралелно со некоја релаксирачка музика во позадина и некое опуштено четиво.

Ефектот на летна оаза во сопствениот дом е инвестиција која не бара големо финансиско вложување, туку креативност, добри идеи и малку умешност во нивната реализација.

Ние ќе ви посочиме неколку едноставни трикови, како полесно да си обезбедите амбиент на летна оаза во својот дом.

Плетени кошници
Периодов овој тип на украси за домот се навистина популарни, па лесно ќе ги најдете во продажба. Дури може да искористите и стари кошници што сте ги подзаборавиле во гаража. Може да ги користите не само како декорација, туку да им најдете практична примена, на пример во нив да ги поставите цреповите со цвеќиња.

Декоративни елементи со школки
Школките непосредно нè асоцираат на море и плажа, па неколку детали украсени со школки, ќе ни го донесат амбиентот покрај море во домот.

Детали во сина боја
Перници, украсни вазни, свеќници, генерално детали во сина боја може да придонесат за позитивниот, летен амбиент.

 

 

Гранки од раскошно маслиново дрво
Маслиновото дрво не потсеќа на Медитеранот, па имплементирано во ентериерот на нашиот дом, во било која варијанта, ќе ни го разубави секојдневието и ќе придонесе за опуштената атмосфера.

 

Објавено:
26 јуни 2019
Категорија: 
Архитектура
Прочитано:
472 пати