На сите оние кои сакаат „морско чувство" во својот дом за постојано да се чувстуваат како да се на летен одмор, овојпат ќе им помогнеме со неколку совети за начините како тоа да го остварат.

Мирисот на морето без близината на море тешко ќе го донесете во својот ентериер, но затоа постигнувањсето на светлината, топлината и шармот на брегот не би требало да биде проблем.

Во креирањето на оваа сцена неизбежна е сината боја и тоа во сите нијанси.

Белата боја со силен контраст на сината или во комбинација со сини и беж тонови е најчеста комбинација за овој тип на уредување.

Пастелните бои се одличен избор кога сакате да поврзете многу различни предмети, материјали и доминантни бои, бидејќи тие бои зрачат со смиреност. Белата боја заедно со пастелните одлично се вклопува во секој минималистички и современ ентериер, како и со класичниот и старински стил.

Повеќе за содржината прочитајте на овој линк.

Објавено:
25 јули 2017
Категорија: 
Архитектура
Прочитано:
220 пати