Магична атмосфера: Есен на тераса

7 октомври 2020

Со доаѓањето на есента, не мора да ја затвориме „сезоната" на тераса, туку напротив, може да ја адаптираме на новите временски услови.

Тоа подразбира, доколку постојат можности, да ја изолирате на пример со дрвен параван или друга опција што ја имате на располагање и да внесете што е можно повеќе топли и удобни декоративни елементи како ќебиња, прекривки и перничиња.

Откако ќе обезбедите пријатна и топла атмосфера, може да се посветите и на останатите „ситни" детали кои може да имаат голем ефект во севкупниот амбиент.

Како насока, може да размислите на декорации со ткви што веројатно е и прва асоцијацја за есен, а понатаму да продолжите со миризливи свеќи, суптилно осветлување, суво цвеќе...

Направете си топол чај, одберете добра книга и уживајте го драгоценото слободно време на тераса.

Објавено:
7 октомври 2020
Категорија: 
Архитектура
Прочитано:
1.259 пати