Џули Сарињана е една од најпопуларните блогерки во светот со повеќе од четири милиони следбеници на социјалната мрежа Инстаграм.
Нејзината популарност и донесе голем број обожаватели, а со тоа и неверојатен развој на бизнисот од кој направи вистинско мало царство.
Денеска таа е успешна сопственичка на кул бренд и онлајн продавница кои ги води од фантастични канцеларии уредени на еден посебен начин.
За уредувањето на прекрасниот простор во нејзините канцеларии таа го ангажирала одличниот Ерик Гарсија и неговото студио Maison Trouvaille, кои направиле вистински мал рај од просторот.
Тој се инспирирал од бохо деталите и калифорниската естетика како едни од омилените на популарната модна блогерка Џули.
Во просторот ќе погледнете многу дрвени детали, растенија, кактуси, пернички и шик фотелји кои сочинуваат една вистински совршена женствена оаза.
Со оглед на фантастичните комбинации што секојдневно ги објавува на нејзиниот Инстаграм профил, воопшто не треба да нѐ чуди неверојатната естетика што оваа девојка ја поседува дури и кога станува збор за ентериерот.
Во галеријата погледнете како изгледа еден ден на Sincerely Jules во нејзините прекрасни канцеларии.