Магичната Лондонска книжарница што плови на вода

19 јули 2022

Љубителите на книгата неретко имаат тенденција да се вљубат и во книжарниците кои за нив претставуваат неисцрпен бунар на знаење и имагинација. Дури и самото одење до книжарница, пребарувањето и потрагата по совршената книга, читањето и несвесното задлабочување во еден нов свет пред да се одлучите да ја купите книгата што ви е на ум, претставува некој вид медитационо искуство и шанса за вљубениците на пишаниот збор да избегаат од реалноста и секојдневието.

Фото: bovary.gr

Па затоа и не е чудно што неверојатно бргу се шират вестите секојпат кога некаде во светот ќе се отвори нова симпатична или необична книжарница. Читателите навистина знаат да се возбудат и да испланираат цело патување доколку таа книжарница се наоѓа подалеку од нивното место на живеење.

Една таква е и книжарницата со име „Word on water", која се наоѓа во Кингс Крос, Лондон. Станува збор за една од оние „магични" книжарници кои ви го разубавуваат денот бидејќи, меѓу другото, како што и самото име „Свет на вода" навестува, книжарницата е всушност мал холандски брод кој плови на вода.

Секој агол на оваа книжарница е искористен за сместување на десетици книги, од класични половни романи до нови изданија и бестселери.

Фото: Instagram

„Word on water" е воспоставената станица за читатели кои поминуваат низ каналот Регент, кои можат да ги прелистуваат книгите на осветлените полици надвор, но и да се релаксираат со книга внатре. Внатрешноста пак е еднакво волшебна, украсена е со винтиџ предмети како часовници, виолини, но и ретро разгледници.

Фото: bovary.gr

„Word on water" лестопати е место каде се организираат презентации на книги и дискусии за уметност, технологија, феминизам и политика, додека пак на нејзината палуба се одржуваат мини-концерти или вечери на читање поезија.

Фото: bovary.gr

Објавено:
19 јули 2022
Категорија: 
Архитектура
Прочитано:
258 пати