Познатиот актер Џејсон Статам и неговата вереница Роси Хантингтон Вајтли кои се во врска повеќе од 10 години го продаваат нивниот неверојатен дом во Калифорнија.

Имотот е ставен на пазарот по цена од 20 милиони долари, а во Калифорнија е познат под името „Црната куќа“ благодарение на надворешноста на истата.

Двојката, која денеска го има двегодишниот син Џек Оскар Статам, речиси една деценија живее во овој дом кој пред многу години го купија за половина цена од денешната.

Куќата е неверојатно уредена, со малку мебел, но сепак, полна ефектни детали и глетка во која секој би сакал да ужива.

Сместена е на самата плажа во Калифорнија, што ја прави уште попривлечна, а секако ја зголемува и цената.

Внатрешноста на куќата е во претежно светли нијанси меѓу кои крем, бела и сива, а највпечатлив во целиот простор е ѕидот каде што е сместен каминот на кој во стилски полици се наредени дрва.

Подеднакво прекрасна е и терасата од која се гледаат најубавите зајдисонца, а од која веднаш се симнува на приватната плажа на која двојката уживаше изминатите десет години.

Спалната е исклучително едноставна, а во истата е сместен дрвен кревет, фотелја и неколку дрвени полици на ѕидот.

Вкупната површина на имотот е околу 370 метри квадратни, а цената вртоглави 20 милиони долари.

Фото: Daily Mail

Инфо и фото: lepaisrecna.rs, Daily Mail

Објавено:
28 октомври 2019
Категорија: 
Архитектура
Прочитано:
570 пати