Магично: Ресторан за сите љубители на ѕвездено небо

7 декември 2019

Во Мексико постои ресторан уреден по инспирација од филмот „Интерстелар“ на Кристофер Нолан. Се работи за ресторан во конгресниот и изложбен центар „Citibanamex“, кој има уникатна внатрешност.

На на околу 200 метри квадратни е создаден простор за сите оние кои сакаат да уживаат во вселенски амбиент. Ресторано поседува ѕвездено небо направено од околу 250.000 ЛЕД диоди, контрастен црн ентеријер и огромен број маси со огледален ефект.

Покрај светлосната галаксија, гостите на ресторанот можат да уживаат и во тура низ библиотека, каде неколку книги висат од плафонот, создавајќи впечаток дека сте во простор без гравитација...

Ресторанот е креиран како дел од „Millesime Mexico 2019 - врвно интекативно кулинарско случув ање, кое секоја година се одржува токму во споменатиот центар за конвенција, па оттаму и ресторанот ќе биде активен во ограничен временски период. 

Покрај него, во рамки на истиот настан отворени се уште неколку ресторани, исто така инспирирани од филмови „Гранд хотел Будимпешта“, „Големиот Гетсби“ и други. 

Инаку, внатрешноста е дело на компаниите „Almazán Y Arquitectos Asociados“, „Concepto Taller De Arquitectura“ и „Pin Studio“.

Изгледа магично, нели?

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by PROMOSTYL (@promostyl_official) onDec 6, 2019 at 2:02am PST

 

фото: @jaimenavarros; @conceptomx

Објавено:
7 декември 2019
Категорија: 
Архитектура
Прочитано:
1.114 пати