Мали кујни полни со живот: Инспирација како да ги уредите и да заштедите простор

29 септември 2020

Модерните домаќинства најчесто се сместени во помали квадратури кои бараат умешни, рационални и практични решенија во нивното уредување.

Тоа се однесува на секоја просторија во домот, вклучително и кујната која ја има една од најзначајните улоги во секое семејство, меѓу другото да ги собере сите на семеен ручек и тука да се споделат импресиите од денот.

Но, малата квадратура на кујната не треба да ја сфаќаме како хендикеп, туку напротив како предизвик кој ќе поттикне иновативни и креативни решенија, за крајниот резултат да биде фантазија.

Токму такви, мали, а фантастични кујни се во нашиот денешен фокус.

Кај сите примери што ќе ви ги посочиме, ќе забележите дека просторот е максимално искористен со мултифункционални парчиња мебел, па така на пример шанкот истовремено има улога и на трпезариска маса, а служи и како преграда меѓу кујната и дневниот престој. Се користи различна комбинација на материјали, бои и дезени со цел да се постигне разиграност и слоевистост, па таков ефект на пример може да постигнете со тоа што дел од плочките што ќе ги искористите ќе бидат со некој впечатлив дезен или пак ако одберете бела кујна, тогаш плотната може да биде во некоја природна, дрвена нијанса. Деталите се секогаш добредојдени, но без претерување и пренатрупување. Просторот секогаш може да го освежите со природно цвеќе поставено во интересна саксија или пак намирниците сместете ги во дезенирани теглички што дополнтелно ќе придонесат за шармот на кујната.

Веруваме дека во идеите споделени во продолжение ќе пронајдете инспирација.

 

Објавено:
29 септември 2020
Категорија: 
Архитектура
Прочитано:
3.096 пати