Марк Ентони си купи нова вила на Флорида

17 јули 2018

Пејачот Макр Ентони се поднови со нов имот. Се работи за вила на Флорида, која стана негова сопственост за 19 милиони долари.

Импозатното здание го купи од правнуката на Факундо Бакарди, основачот на познатата компанија за пијалоци, Хилда Бакарди.

Вредноста на вилата пред две години беше проценета на повеќе од 27 милиони долари, но пејачот успеа да ја земе за речиси 10 милиони помалку. 

Се простира на 1.3 хектари земја, има 13 спални соби, 15 бањи и тоалети и 3 кујни. 

Посебно внимание привлекува големиот базен, како и винаријата сместена во подрумот на куќата.

За гостите е обезбедени и двособна гостинска куќа во рамки на истиот имот.

Сите овие информации се доволни да добиете впечаток дека се работи за луксузен и привлечен простор, а во продолжение погледнете дел од фотографиите:

 

фото извор: architecturaldigest.com; miami.curbed.com; 

Објавено:
17 јули 2018
Категорија: 
Архитектура
Прочитано:
207 пати