Ачим Хаулд и Стефан Хофман инспирирани од своите домашни мачки, дизајнирале еден цел систем на разиграни скалила кои ги прикачиле на своите ѕидови. 

Нивната идеја е всушност мачињата како нивни миленици, да се чувствуваат ослободено и пријатно во просторот што го делат со сопственикот. 

Практична џунгла, но во стан! Компонентите кои ги изработуваат може да се најдат на пазарот и онлајн по цена од 90 до 170 евра. 

Мебелот за мачки, како што тие милуваат да го наречат, им овозможува на љубителите на мачки да им дадат слобода на движење. 

Сето ова е претходно тестирано од страна на неколку здруженија на животни и ветеринари. Со огромно задоволство е одобрен овој мебел за нејзиното височество, мачката!

 

Објавено:
23 јуни 2016
Категорија: 
Архитектура
Прочитано:
526 пати