Минималистички ентериери + бохо детали

24 јуни 2020

Кога ќе се спојат карактеристиките на стилови во уредувањето што идеално се надополнуваат, целината е компактна, допадлива и уникатна.

Во овој контекст, ќе ставиме акцент на синхронизираноста што се добива кога ќе се спојат „студениот" минимализам и топлината на бохо деталите.

Со овој микс се постигнува модернистички концепт, во кој чувството на пријатен и топол дом е комплетирано со практичен и рационален распоред и избор на мебел.

Уредувањето започнува со избор на неутрални тонови и мебел во чисти форми, а потоа минималистичката основа се надополнува и стилизира со детали во топли нијанси, изработени од природни материјали.


Еден таков пример би бил ентериер во кој основата е сива, мебелот е со суптилен дизајн во бела боја, а деталите се плетени и во земјени тонови.

Во фото галеријата во продолжение ќе откриете многу нови идеи за ентериери во кои е искористен ваквиот микс.

Фото: Пинтерест

Објавено:
24 јуни 2020
Категорија: 
Архитектура
Прочитано:
529 пати