Младиот Хрват, Ведран Кустура има два мошне посетени Инстаграм профили - @worldarchitecturedesing и @worldarchitectureinterior. Едниот го следат речиси половина милион луѓе, а вториот повеќе од 300.000, па веројатноста и некој од вас да ужива во фотографиите што ги споделува е мошне голема.
Ведран има 28 години, неговото родно место е Сплит, а во моментов живее и работи во Милано.
Како вели за хрватските медиуми, со Инстаграмот започнал да се занимава од хоби. Првиот профил дури и го затворил на одредено време, а потоа, откако се вратил се случува “бум“, што воопшто не очекувал.
„Воопшто не се надевав дека во морето секакви профили, некој ќе го забележи и мојот, посветен на архитектура и дизајн“, вели архитектот за хрватското издание на „Грација“.
Во почетокот немал многу следбеници, но откако сфатил како функционираат работите и откако вложил месеци во истражување и објавување на содржини, кои се базирале пред се' на неговиот личен интерес.
Како што растел бројот на следбеници, така растел и интересот и квалитетот на содржините, па почнале да му се јавуваат и клиенти.
Во почетокот трошел часови за истражување, листајќи магазини за архитектура, барајќи интересна содржина, но со доаѓањето на клиенти - агенции, сопственици на вили, куќи, ситуацијата е сосема поинаква.
Дел од нив праќаат фотографии кои тој ги пласира, додека пак, во други случаи, тој патува и креира оригинална содржина.
Минимализмот, светлината, чистината и отворен простор се елементите кои доминираат во неговите објави. Вели, ваквиот развој на нештата му донел можност да спои убаво и корисно, а не крие дека меѓу следбениците на неговите профили се и Џенифер Анистон, како и девојките од семејството Кардашијанс, кои неретко и ги лајкуваат објавите.
Во продолжение погледнете дел од содржината што ја пласира на своите профили:
View this post on Instagram
View this post on Instagram
View this post on Instagram
View this post on Instagram
View this post on Instagram
View this post on Instagram
View this post on Instagram
View this post on Instagram
View this post on Instagram
View this post on Instagram
View this post on Instagram
View this post on Instagram