Елеганцијата е безвременска. Затоа многумина се одлучуваат токму за оваа естетика кога го дефинираат уредувањето на ентериерот во својот нов дом или кога го реновираат постоечкиот.
Токму едно такво безвременско, а истовремено модерно решение за ентериерно уредување, ни нудат архитектите од реномираната градежна компанија Elena Luka Home.
Се работи за беспрекорно естетско и функционално предлог решение за стан од 89m2, во рамки на нивниот нов современ станбено-деловен објект „Melody".
Со цел да се постигне безвременски, а сепак атрактивен простор со eстетика која ќе одговори и на новите трендови, но и класичноста, искористена е палетата на сиви тонови. Тие се искомбинирани со елементи во земјени нијанси што придонесуваат за топлина во домот.
Со комбинација на материјали со различна текстура, како што се ѕидови, тапети или пак плочки, практични елементи и модни детали, просторот изгледа модерно и елегантно.
Во дневната соба, со цел впечатлив и полуксузен изглед се искомбинирани елементи во сиви нијанси во комбинација со бели завеси, но потемни драперии. Дневната и кујната се поврзани и просторно и тематски, правејќи ги комплементарни, а сепак посебни и внимателно уредени единици.
Во спалната соба се користени потопли бои, а поставените елементи како што се длабоките плакари или пак полиците, нудат практичност и функционалност.
Предлог решение за ентериерно уредување на стан во рамки на новиот современ станбено-деловен објект „Melody", со атрактивна локација во прекрасната Гази-Баба, Скопје.
Запознајте го Melody of Pleasure – 89m2