Модерни ентериери во кои акцентот е на златните декоративни детали

16 јуни 2020

Кога се користи дозирано, златната боја навистина може да го облагороди просторот и да му даде нота на луксуз. За ова говорат и модерните ентериерни решенија, кај кои последните неколку сезони хит се декоративните детали во златна нијанса.

При имплементрањето на таквите детали во уредувањето на домот, особено внимавајте да не претерате, бидејќи тенка е границата меѓу вкусот и невкусот во овој контекст.

Пред да се одлучите за ваква трансформација во домот, консултирајте се со професоналци или добро анализирајте ги современите ентериерни концепти што ги дзајнираат архитекти или стручни лица од областа на ентериерното уредување.

Најчесто тоа се суптилни, но доволно ефективни декоративни елементи, за да истовремено не го оптеретуваат просторот, а му даваат посебен шмек.

Во златна нијанса може да бидат обоени ногарките на шанк-столчињата или фотелјата, рачките на фиоките во кујната или купатилото, рамката на огледалото или сликите или пак златната боја може да биде вклучена во декорот на телата за осветлување или ситните украси.

Значајно е сите декоративни елементи во златна нијанса да бидат стилски складни со остатокот од мебелот и естетиката на ентериерот, затоа што во спротивно би ја изгубиле поентата.

Како идеи што можеби ќе ви ја поттикнат фантазијата, издвоивме неколку одлични ентериерни решенија за кои заеднички се деталите во златна боја.

Фото: Пинтерест

 

Објавено:
16 јуни 2020
Категорија: 
Архитектура
Прочитано:
1.329 пати