Модерни ентериерни решенија што вклучуваат ѕидови со тула

17 јануари 2020

Една од тенденциите во ентериерното уредување која со години го одржува својот популарен статус, се ѕидовите со тула.

Иако нетипичен, овој тренд се наметна во современата архитектура односно во уредувањето на ентериери, како елемент со кој се постигнува значаен визуелен ефект што го облагородува просторот.

Ѕидовите од тула го акцентираат ентериерот обликувајќи го неговиот модерен дух, а сепак постигнувајќи резултат на топол и пријатен амбиент.

Затоа многу често, младите семејства кои се вселуваат во нов дом или го реновираат стариот, го имплементираат овој тренд во своето опкужување.

Ако и вие размислувате за таква промена, низ фотографиите во продолжение ќе наидете на бројни инспиративни идеи.

Фото: Pinterest

 

Објавено:
17 јануари 2020
Категорија: 
Архитектура
Прочитано:
1.074 пати