На овој Инстаграм профил ќе ги најдете детските соби од соништата!

7 мај 2020

Детското катче или детската соба е просторот што треба да биде „скроен" по теркот на фантазијата на детето, а со тоа да биде и центар на неговиот свет во домот.

Затоа кога ја дизајнирате или преуредувате собата на најмалиот/те член/ови на семејството, дозволете му на детето во вас да ги диктира распоредот, приказната,темата, боите, правилата...

Првото правило кое треба да се задоволи, е вашето дете да ужива во својот простор.

Затоа, покрај елементарните архитектонски насоки за функционален и практичен простор, значајно е неговата визуелна претстава да го отсликува имагинативниот свет на вашето дете.

По таков прнцип се дизајнирани детските соби за чие проектирање, идеја и реализација, е задолжена дизајнерката на ентериер Оливија Виана од Бразил.

На својот професионален профил на Инстаграм @inandoutkids, таа ги објавува своите проекти наменети за деца со бујна фантазија.

Детските соби што го носат нејзиниот потпис се како сцени од сказна, а веројатно тоа се покажало како успешен пристап, со оглед на тоа дека е една од најпопуларните дизајнерки на ентериер во тој сектор.

Погледнете за што зборуваме...

Фото: Инстаграм

 

Објавено:
7 мај 2020
Категорија: 
Архитектура
Прочитано:
5.819 пати
Тагови: 
детски соби