Овој нов канцелариски простор ќе биде сместен во ексклузивниот дел на Сан Франциско, каде што моментално се наоѓа голем неискористен простор, а истовремено има и недостиг на деловни простории. Работниците во овие примарно резиденцијани простории обично мораат да поминуваат голема далечина за да дојдат до деловното јадро на градот.
Мебелот во оваа канцеларија ќе биде консолидација на индустриски дизајн со ексклузивни парчиња, како што се креациите на Yves Behar, вклучувајќи ги Herman Miller Sayl столчињата и Publish Office Landscape системите на канцелариски мебел. Други имиња кои ќе бидат дел од овој проект се Heath Ceramics, Joe Colombo, Alexander Girard, Stilnovo, и Don Chadwick, General Electric, Puma, Jawbone, и Movado.
Луѓето кои ќе работат во овие канцеларии ќе имаат можност да уживаат во работата, со ергономски столчиња, природна светлина и изобилство од зеленило. Исто така ќе имаат прилика да користат таканаречени „консиерж“ погодности, како што се врвни сокови, кафе, вода и храна од локалните ресторани.
Она што не нè изненадува е фактот што една приватна канцеларија во оваа заедница ќе чини 4.000 доалри месечно, додека место за една голема маса чини 650 долари на месечно ниво. Ако ве интересира работа во вакво окружување, треба да знаете дека првиот Canopy проект, со само 40 места ќе биде официјално лансиран идниот месец.