Најпопуларното цвеќе на Инстаграм во моментов

6 октомври 2021

Доколку ве интересираат есенски декорации и сте го прелистувале Инстаграм, сигурни сме дека сте забележале едно цвеќе кое често се повторува.

Личи на есенска варијанта на лаванда, а не е. Се работи зазимзелена грмушка со мали цвеќиња во форма на ѕвоничиња во различни бои, и расте од 30 до 50 см. Познато е под имињата на Хедер или Калуна.

Лесно е за одгледување, па доколку и не сте многу по цвеќињата, ќе ви потрае во домот. Не бара посебна грижа, цвета од септември до првиот мраз, а се сади од рана пролет до доцна есен.

Сака сончеви места и добро дренирана почва, па поставете ги до прозорец или во просторија која е изложена на сочева светлина.

Има повеќе од 500 видови и доаѓа во многу бои, но најпопуларните се виолетовите.

Во продолжение неколку фотографии за инспирација:

 

Објавено:
6 октомври 2021
Категорија: 
Архитектура
Прочитано:
4.833 пати