Најубаво украсените празнични балкони во станбените објекти на Elena Luka Home

15 јануари 2020

Пред празниците, компанијата Elena Luka Home со цел што повеќе да ги мотивира станарите на нивните станбени објекти да придонесат за празничната магија во градот, објави конкурс за „Најубаво украсени балкони" за кои следуваат и вредни подароци.

Денеска компанијата ја објави потесната селекција од најшармантните празнични решенија што земале учество, а според фотографиите изборот е навистина магичен.

„Празничниот период го заокружуваме онака како и што го започнавме - со подароци! На нашиот конкурс за „Најубаво украсени балкони" што ги вклучуваше сите станбени објекти на #ElenaLukaHome, пристигнаа навистина фантастични решенија со кои нашите драги станари внесоа дополнителна магија во празниците. Ви благодариме на сите што земавте учество и ни ги испративте вашите креативни решенија, што може да ги погледнете и низ фотографиите во продолжение. Во текот на денешниот ден ќе бидат објавени и добитниците на подароците – два ваучери од 10.000 денари за балконите што нè освоија!", велат од Elena Luka Home.

Во очекување на добитниците, погледнете дел од прекрасно декорираните балкони на станарите од станбените објекти на Elena Luka Home.

 

Објавено:
15 јануари 2020
Категорија: 
Архитектура
Прочитано:
879 пати