Нејзиниот свет е шарен и одвнатре и однадвор – домот на блогерката Блер Еди како сликовница

23 април 2020

Колку што е колоритен нејзиниот личен стил по што и стана препознатлива, толку е шарен и нејзиниот внатрешен свет.

Домот на блогерката Блер Еди е реплика на нејзиниот еклектичен пристап кон модата. Таа умешно и складно комбинира експлозија од бои, не само во својот имиџ, туку и во уредувањето на домот.

Иако секоја просторија во нејзиниот апартман е приказна за себе, уредена тематски, сепак целината е совршено единство што секако го поврзува интензивниот колор.

Интересно е тоа што иако генералната слика е модернистички и отворен простор кој дише со полн капацитет, сепак клучно место е отстапено за мебел и декоративни елементи во ретро и етно дизајн, што одлично функционраат во целината.

Фото: Atlantic-pacific

 

 

Објавено:
23 април 2020
Категорија: 
Архитектура
Прочитано:
462 пати