Некогашниот имот на Френк Синатра е на продажба

27 февруари 2021

Вила Маџио, некогаш беше скривалиште на големиот Френк Синатра од папараците и обожавателите. Денес, вилата е на продажба.

Вилата е изградена кон крајот на 60-те години, а го добива името по ликот Анџело Маџио, за кој Синатра добива Оскар во 1954 година.

Распространета на 4 хектари, вилата е комплекс од три згради.Глсвната е во рустикален стил со дрвени и камени елементи, а има две кујни, трпезарија, дневна, канцеларија, 5 спални соби, 6 бањи и 7 камини.

Втората здрада со името Dependans е онаа каде Синатра ги примал своите гости и пријатели. Има голем базен, тениски терен, хелиодром и паркинг за 25 автомобили. Третата, го носи името Palm Desert. Вилата се продава по цена од 4.25 милиони долари.

Објавено:
27 февруари 2021
Категорија: 
Архитектура
Прочитано:
413 пати
Тагови: 
Френк Синатра