Ако оваа пролетна сезона сакавте да му се посветите на уредувањето на домот, а притоа да употребите само неколку ефектни детали, тогаш ова е текст за вас.

Знаете дека како и во модата, трендовите кај уредувањето се менуваат навистина брзо, особено кога се во прашање деталите.

Оваа пролет, вистински хит се неонските натписи кои можете да ги ставите во било кој дел од домот без разлика дали тоа ќе биде во дневната, спалната, ходникот или пак бањата.

Она што треба да направите е да го најдете совршениот натпис што ве отсликува или оној кој сакате да го видите прво во утринските часови и да го поставите на местото што го одбравте.

Овој детал има неколку функции истовремено, односно ќе го украси просторот на неверојатен начин, ќе ве развесели секогаш кога ќе го погледнете, а истовремено ќе биде и ноќно светло што единствено ви е потребно.

Ваквите натписи веќе можете да ги пронајдете и во поголемите продавници за уредување на ентериерот, но секако можете да си нарачате и преку Интернет.

Ако ви требаше малку нова и забавна енергија во домот, тогаш ова е деталот по кој сите „полудеа“.

Фото: Pinterest

Објавено:
1 април 2019
Категорија: 
Архитектура
Прочитано:
244 пати