Нежни велигденски декорации со салфетки

7 април 2021

Ни наближуваат велигденските празници, а доколку уживате во уредувањето на домот и во создавањето на убава празнична атмосфера, во наредниот период ќе се обидеме да ве инспирираме тоа да го направите на модерен и креативен начин.

Овој пат инспирацијата ја најдовме на социјалните мрежи и декорациите со салфетки.

Без разлика како ќе одлучите да ги украсите велигденските јајца, декорацијата надополнете ја со пкатнени или хартиени салфетки. 

Не мора да е ништо комплицирано. Салфетките свиткајте ги во ролна односно во тесна лента, а потоа со неа обвиткајте го велигденското јајце. На врвот на јајцето, каде се спојуваат двете страни од лентата, ставете ластиче или пак конче, па додадете гранки суво цвеќе, или пак панделки, тантела или пак свежо цвеќе.

Ставете ги во некоја убава стаклена чинија или декоративен сад кој инаку го користите за празнични декорации и ќе видите колку веднаш просторот ќе ви се разубави.

Ако сакате некому да подарите велигденски јајца, на оваа декорација можете да додадете и картичка со име и подарокот да го направите персонализиран.

Едноставно, а многу ефектно, па при ваквото декорирање ќе се снајдат дури и оние што не се толку вешти со рацете или пак не се сметаат за доволно креативни.

Веруваме дека фотографиите во продолжение ќе ви ја разбудат креативноста и инспирацијата.

Погледнете:

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by M A L W I N A (@my_lifestyle31)

 

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by (@beti.befit)

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Marta (@martaa_home)

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Iwona ZZ (@ivon_homeuk)

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Anna Pernak (@annalovesneutrals)

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Klaudia (@my_beige_life)

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Jaruška (@sweet.lily1177)

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by žena.hr (@zenahr)

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Paulina (@mgielka_tajemnicy)

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Anna Tyrała (@fotografkaa)

Објавено:
7 април 2021
Категорија: 
Архитектура
Прочитано:
4.573 пати