Низ очите на дете: Детски соби што зрачат со спокој и шарм

27 јули 2020

Рускиот архитект и дизајнер на ентериери, Алексеј Волков, изгради препознатлива естетика и стил што се базираат на компатибилен спој на безвременската елеганција и концептот на модерното домување. Стекна голема популарност токму благодарение на препознатливоста во изразот што зрачи со спокој, шарм, пријатност...

Негова специјалност се малите квадратури, од кои тој мајсторски изведува совршено вклопенифункционални и врвно естетски целини, а со оглед на тоа дека стандардите на современото домување на младите семејства најчесто вклучуваат помали површини, неговите професонални решенија секогаш наидуваат на големи симпатии и одобрување.

Неговата креативност, но и рационалност во реализацијата на идеите, особено доаѓаат до израз кога дизајнира ентериери за детски соби.

Како и сите негови проекти и собите наменети за најмалите, имаат своја нота на препознатливост која се однесува на модерен, практичен, безбеден дизјан полн со фантазија и амбиент во кој децата може да сонуваат со отворени очи.

Многу често неговиот концепт за детски соби вклучува и катче за физички и интелектуални активности за децата, колоритот е богат, но непретенциозен, а формите на мебелот се реплика на светот од детската фантазија.

Ѕирнете низ очите на дете и кажете ни како ви се допаѓа начинот на кој размислува овој професоналец?

Фото: Инстаграм

alexey_volkov_ab

 

Објавено:
27 јули 2020
Категорија: 
Архитектура
Прочитано:
577 пати
Тагови: 
детски соби