Омилениот high street бренд што никогаш не престанува да нè изненадува, има нова колекција за домот, а овојпат дизајнерите се инспирираа од јапонската естетика.

Колекцијата е наречена „Japanordic“, сосема соодветен назив за сите парчиња од кои се состои, а кои секој би посакал да ги има во домот.

Како и секогаш, во колекцијата има примеси од нордискиот минимализам, но овојпат надополнет со јапонското влијание кое е видливо, но сепак не преовладува.

Што се однесува до боите, истите се ултра смирени и во земјени тонови, а истите неодоливо потсетуваат на есента како сезона што нѝ претстои и во која секогаш сакаме да вметнеме нешто ново дома.

Во колекцијата на популарниот бренд ќе најдете дрвени клупи, плакари, ламби, столици, бројни украси и детали.

Доколку претстојната есен планиравте да го реновирате вашиот дом, тогаш во оваа колекција ќе пронајдете мали богатства изработени од супер материјали.

Подеднакво прекрасно во вашиот дом ќе се чувствувате и доколку веќе постоечкиот ентериер го украсите со некој од нивните навидум минималистички, но ефектни детали.

Инфо и фото: Jutarnji.hr, Ragnar Ómarsson

Објавено:
17 јули 2019
Категорија: 
Архитектура
Прочитано:
516 пати