Нова успешна приказна: Elena Luka Home им посака топло добредојде на станарите од Connect5

15 април 2021

Приказните со среќен крај се секогаш обожувани и посакувани, посебно во тешки времиња, бидејќи се полни со љубов и надеж. Вчера посведочивме токму на една таква. Етаблираната домашна градежна компанија Elena Luka Home, посака уште едно топло „добре дојде“, овој пат на станарите од објектот Connect 5, во населбата Аеродром.

За нив тоа значеше среќно заокружување на уште една градежна приказна, но за новите жители радосна приказна за нов почеток!

Почитувајќи ги сите превентивни мерки за заштита од Ковид-19, тимот на Elena Luka Home им ги предаде клучевите од новите станови, посакувајќи им уште посреќни моменти во иднина во дом кој со својот квалитет и градба го оправда слоганот „Бескрајна поврзаност со природата“.

Сопственичката и главниот менаџер на Elena Luka Home, г-ѓа Елена Пандева

„Неизмерно задоволство и чест ми е што и покрај овие изменети и тешки услови би рекла, со кои се соочуваме, денеска успеавме да посведочиме на радоста на нашите нови станари и да бидеме дел од новата приказна што ќе ја започнат како дел од нашето семејство. Connect 5 беше замислен како модерен, функционален објект, кој ќе ги исполни сите потреби на модерното живеење, а во кој ќе имплементираме што повеќе природни материјали, ќе покажеме дека ги следиме и еко трендовите – и токму тоа го реализиравме во рок. Довербата што ни ја дадоа и овие станари е голема чест за нас, а нивните реакции говорат дека успеавме да ја оправдаме. Квалитетот е нашиот постулат во сите сфери на работењето и бескомпромисно се трудиме да го одржиме. На крајот, ова не е само објект, туку и нечиј животен сон, нечија остварена замисла, нечиј почеток на нов живот, место во кое ќе се гради семејство. Не се само ѕидови, туку простор кој ќе биде исполнет и со радост, со возбуда, со што повеќе детски џагор посакувам, веселби... и токму од таа причина сакам да им се заблагодарам на сите кои се одлучија токму за нашата компанија. Денови како овој се мошне емотивни и за нас, бидејќи на наше огромно задоволство се шири и Elena Luka Home семејството. Им посакувам уште многу радосни моменти на сите станари, кои се надевам ќе ги споделиме заедно. Добредојдовте во Connect 5. Добредојдовте дома!“, изјави сопственичката и главниот менаџер на Elena Luka Home, г-ѓа Елена Пандева.

За потсетување, ултра модерната фасада на Cоnnect 5 е создадена од 5 совршено комбинирани елементи – стакло, метал, дрво, камен, модерни врзувачки материјали кои комбинирани со флората која го опкружува објект дава беспрекорен и урбан стил, компоненти кои се покажаа како мошне привлечни за клиентите.

Исто така, на двата влеза се обезбедни софистицирани рампи за непречено влегување на лицата со инвалидитет.

Воедно, ова е станбен објект со дискретен шарм и едноставни линии кои поставуваат совршена рамнотежа помеѓу мирниот и ексклузивниот живот и близината до динамичниот центар на градот поставувајќи стандарди во резиденцијалната понуда на Скопје.

Според изјавите на станарите, токму ова биле некои од примарните нешта за да ја дадат својата доверба на Elena Luka Home.

„Ни се допаднаа претходните проекти кои што ги имаа изработено, дизајнот, материјалите што ги вклучуваат во самата градба, како и местоположбата... Тоа беа одлучувачки фактори за нашиот избор. Размислувавме и за височината, на крајот одлуката падна на третиот кат. Веќе имавме шанса да го видиме станот и воодушевени сме од подот, од изгледот на вратите, навистина сме пријатно изненадени“,  своите впечатоци ги сподели семејството Ристески, кои и први ги добија своите клучеви.

„Првите впечатоци се одлични, многу ни се допаѓа сè! Локацијата е одлучна, сè е средено. Пофалбите што ги слушавме пред да го купиме станот, како и дизајнот беа едни од главните точки при донесувањето на одлуката. Веќе почнавме со плановите околу уредувањето на старот и набргу ќе го средиме“, сподели со нас Тодор, еден од новите станари.

„Станот ни е убав, како кутивче! Забелешки немаме, а затоа и ја одбравме Elena Luka Home, компанија која е професионална и веќе докажана на пазарот и не згрешивме. Сè е многу убаво, локацијата многу ни се допадна кога ја носевме одлуката, а и слушнавме исто така само пофални зборови и од други луѓе. Исто така, тимот на компанијата во текот на процесот ни излезе во пресрет со одлични препораки“, вели семејството Герови од Свети Николе.

 

„Премногу сум возбудена и радосна, овој стан го чекавме околу една година и секоја чест на компанијата што го испочитува рокот и што во истиот ни ги предадоа и клучевите. Градбата внатре изгледа прекрасно. Инаку, овој стан е на мојата ќерка која живее и работи во Америка и на наше задоволство заедно го постигнавме ова што го имаме денес.

Се одлучивме за Elena Luka Home бидејќи слушнавме многу пофални зборови, се работи со голем квалитет, се користат прекрасни материјали и тоа ми беше приоритетно, а исто така и локацијата. Распоредот на станот многу ми се допаѓа. Не се работи за голем стан, околу 60 квадрати, но распоредот е одличен и изгледа комфорно и може да се игра со уредувањето“, сподели со нас Даниела.

 

„Одбрав стан на поткровје бидејќи пред сè има одличен поглед, цел живот сакав да имам голема тераса и благодарение на Elena Luka Home тоа и си го овозможив. Станот го резервирав уште кога беше во изградба. Се одлучив за оваа компанија бидејќи слушнав впечатоци од други луѓе, дека имаат квалитетна градба и дека се перфектни во сè“, вели Мартина.

 „Во мојот нов стан најмногу ми се допаѓа искористениот простор, убавиот распоред и дизајнот на влезните врати. Се одлучив за Elena Luka Home, бидејќи имаат квалитетна градба и отсекогаш сакав да имам свој стан, па мојот детски сон конечно стана реалност“, изјави Марија.

 

Нема подобра потврда за одлично сработената работа од насмеаните и задоволни лица на клиентите, а овие изјави и фотографии го потврдуваат тоа.

 

Инаку, од компанијата открија дека на барање на клиентите, приказната за Connect 5 ќе добие и свое продолжение – Connect 5+, за што дополнително ќе биде известена јавноста, а повеќе за тоа, како и за севкупната атмосфера и впечатоци, можете да видите во продолжение:

 

Објавено:
15 април 2021
Категорија: 
Архитектура
Прочитано:
10.634 пати