Нови Икеа трендови во уредувањето на домот со рециклирани материјали

21 март 2022

За својата нова колекција за пролетно уредување на домот, шведскиот гигант Икеа се инспирираше од шведската уметница Хилма аф Клинт, чии уметнички дела се препознатливи по апстракцијата.

Така пролетната колекција на Икеа добива шареноликост во пастелни и смирувачки тонови, што совршено го надополнува изборот на природни материјали како бамбус и памук, имплементирани во дизајнот на новите декоративни елементи.

Приказната продолжува со селекција и на рециклирани материјали како стари рибарски мрежи или јажиња, редефинирани во нови парчиња за уредување на домот.

Икеа е препознатлива по својата политика за рационално искористување на просторот, па така и овојпат нуди практични решенија за селекција и складирање во кујната, гардероберот или купатилото.

Оваа пролет интересна е и понудата на различни сетови со стаклени вазни и мини декор за полиците во дневната, детската или спалната соба.

Сосема очекувано, особено внимание е посветено на уредувањето на терасата и балконот, па пред отворањето на пролетната сезона сега е вистинско време да се инспирирате во каков стил би го уредиле надворешниот простор.

 

Објавено:
21 март 2022
Категорија: 
Архитектура
Прочитано:
789 пати