Новиот дом на Џеј Ло и Алекс Родригез во Калифорнија

7 јули 2020

Можеби годинава ги одложија плановите за свадбата, но одлучија да се подноват со нов дом. Калифорнија е повторно нивниот избор. Вилата, која е купена за 1.4 милиони долари, се простира на 205 метри квадратни, на кои има три спални соби, две и пол бањи, огромна дневна соба, кујна и трпезарија.

Лопез веќе има огромен имот во близина на Бел Ер, куќа за која повеќе пати има изјавено дека е нејзиниот дом од соништата. Токму затоа, дел од светските медиуми посочуваат дека овој нов имот веројатно нема да биде на постојано користење на двојката, туку за место на кое би можеле да престојуваат нивните пријатели и роднини.

Инаку, двојката има неколку имоти ширум земјата. Имаат куќа во Флорида, а само Џеј Ло поседува имот во Хемптонс кој има седум спални соби, кој се простира на 1.300 метри квадратни, купена за 18 милиони долари во 2011 година.

Покрај ова, минатата година купија куќа на Малибу, а Џенифер Лопез стави на продажба два стана во Њујорк.

Погледнете како изгледа внатрешноста на новиот имот:

Фото: Realtor.com

 

Објавено:
7 јули 2020
Категорија: 
Архитектура
Прочитано:
540 пати