Новиот дом на Џон Леџен и Криси Тиген е фантастичен

11 април 2020

Познатата двојка, музичарот Џон Леџен и моделот Криси Тиген неодамна се почестија со уште еден дом во Њујорк. Имено, тие веќе се сопственици на еден на Менхетен, во населбата Нолита, кој го купија во 2018 година за нешто повеќе од 8 милиони долари.

Сега, не ја променија населбата и земаа пентхаус кој се простира на преку 330 метри квадратни, за кои платиле 7.7 милиони долари.

Од фотографиите се гледа дека се работи за фантастично дизајниран простор.

Во 330 метри квадратни има три спални соби, две големи бањи и две и пол помали. Горниот дел од петхаусот, каде се наоѓа и играчницата за нивните две деца, е поврзан со скали со впечатлива железна ограда. 

На фотографиите од сајтовите за продажба на недвижнини, се гледа дека трпезаријата и кујната делат ист простор кујната, а одделени се само со шанк. 

На покривот има огромна градина со тераса, од каде има совршен поглед на Менхетен.

Инаку, како пренесува „Њујорк пост“ двојката ќе оддели уште неколку милиони долари за ренновирање, бидејќи сакаат да додадат уште спални соби и уште две мали бањи. Исто така, сакаат да го сменат стилот на прозорците и да направат кино-соба.

 

фото извор: @cristinahungriarealtor;

Објавено:
11 април 2020
Категорија: 
Архитектура
Прочитано:
764 пати