Од денес на „Нетфликс“ нова емисија: Две дами ќе ги преуредуваат домовите на познатите

9 септември 2020

Ако сте вљубеник на емисии за внатрешно уредување, тогаш оваа вест ќе ви го привлече вниманието. Од денес на „Нетфликс“ почнува да се емитува емисијата „Get Organized with the Home Edit“, Клиа Ширер и Џоана Теплин, основачки на компанијата „The Home Edit“.

Тие две ќе одат во домовите на познати личности и ќе им помагаат што подобро да го искористат просторот со кој располагаат

Во првата сезона гледачите ќе имаат можност да ѕирнат во домовите на Риз Витерспун, Ева Лонгорија, Клои Кардашијан, Нил Патрик Харис, Рејчел Зои и многу други познати имиња. 

Но, двете дами ќе одат и во домови на анонимни луѓе. За разлика од емисијата со Мари Кондо, која претходно се емитуваше на „Нетфликс“, каде можеа да се видат совети за станови со мали квадратури, овој пат коцептот е сосема спротивен - како да најдобро да се искористат големи простори. 

Како што споменавме, првата епизода е закажана за денес, а со оглед на тоа дека авторките имаат повеќегодишно искуство во оваа област и соработувале со бројни холивудски ѕвезди, меѓу кои и Гвинет Палтроу, очекувањата се големи. 

Инаку, тие се препознатливи по тоа што при уредувањето се водат од концептот на бои и сортирање. Интересно е што еден од продуцентите на емисијата е токму Рис Витерспун, која се согласи на гледачите да им открие дел од својот животен простор. 

Многумина се возбудени за овој серијал, бидејќи ќе има единствена шанса народот да види како изгледаат домовите на познатите личности, а покрај тоа да се научи и по некој трик за уредување.

Погледнете го најавното видео:

 

Објавено:
9 септември 2020
Категорија: 
Архитектура
Прочитано:
372 пати