Опра Винфри знае што сака во животот и тоа го прави на најдобар можен начин. Покрај нејзините спектакуларни имоти во Санта Барбара, Мауи, последната инвестиција е Колорадо, планиска куќа во Телуриде. Според магазинот „Зилоу“, тоа задоволство ја чинело Опра 14 милиони долари, а претходен сопственик бил Боб Вол познат во технолошката индустрија.

Куќата има пет спални соби и сѐ е проследено со висока технологија и паметни уреди. На пример, преку нејзиниот ајпед може да даде команда и да се наводнуваат внатрешните цвеќиња. Исто така, има и сопствена колекција на вина, а бројката е 1.600 шишиња, а Опра го нарекува „винско минско поле“. Секако дека има и сауна како и џакузи со поглед кон преубавите планински ридови.

Објавено:
10 јуни 2016
Категорија: 
Архитектура
Прочитано:
1.944 пати