Ова е најубавиот стан на Инстаграм!

22 јуни 2019

Ако сте обожавател на зеленилото, тогаш ова е станот во кој ќе се вљубите на прв поглед. Инстаграм профилот на дизајнерот Рон Го е нешто што сите би требало да го видат, поради неверојатните билки распоредени на совршени места во неговиот стан.

Во неговиот стан се препознатливи бохо и рустикални елементи, а во истиот ќе бидете сведоци на топли пастелни нијанси што преовладуваат.

Најголемата свежина на просторот му ја даваат токму билките, па доколку сакате да внесете малку новина во домот, тогаш ваквото зеленило е избор број еден.

Доколку веќе имате билки во дневната соба, време е да ги разубавите и останатите простории со некое растение, па така не двоумете се да го украсите ходникот или бањата со некое помало зелено цвеќе.

Она што мора да го знаете, иако овие билки изгледаат прекрасно во просторот, бараат доста внимание, па така секогаш морате правилно да ги наводнувате кога тие го бараат тоа.

Погледнете како изгледа неверојатниот стан на Рон Го кој е вистинска сензација на социјалната мрежа Инстаграм.

Инфо: Fashion.hr

Фото: Instagram/mrcigar

Објавено:
22 јуни 2019
Категорија: 
Архитектура
Прочитано:
2.074 пати