Оваа есен сакаме кадифени столови во домот!

14 септември 2019

Еден од најубавите материјали било кога создадени е дефинитивно кадифето кое секогаш е толку впечатливо и магично, без разлика дали ќе го носите на себе во форма на облека или пак ќе одберете детали за домот.

Токму од овој материјал се изработени најголемиот дел од трендовите за оваа есен кога е домот во прашање. Ако пред вас е реновирање или пак едноставно сакате да промените некој дел од домот, тогаш столовите обложени со кадифе се вистински избор.

Без разлика од каков материјал е изработена трпезариската маса, ако на истата ѝ додадете столови од кадифе во некоја впечатлива боја, тогаш сте промениле сѐ.

Истите ќе му овозможат елегантен и софистициран изглед на вашиот дом, а ќе остават и луксузен печат за сите оние што ќе ве посетат.

Она на што единствено мора да внимавате е тоа да ги усогласите боите во домот, конкретно бојата на масата со онаа на столовите за сѐ да изгледа совршено.

Како ви се допаѓа овој есенски стил во уредувањето?  

Инфо и фото: Bonjour.ba

Објавено:
14 септември 2019
Категорија: 
Архитектура
Прочитано:
411 пати