Пастелни тонови во новата колекција за домот од H&M

11 јануари 2019

Шведскиот гигант H&M ја промовираше својата нова, пролетна колекција наменета за уредување на домот.

Прва карактеристика која ќе ја забележите во новата линија е доминацијата на пастелните нијанси што со себе носат еден романтичен, ненаметлив и суптилен доем.

Така, декоративните елементи од оваа колекција лесно ќе може да ги синхронизирате и имплементирате во просторот во кој секојдневно функционирате.

Ни се допаѓа постелнината за спална со минималистички дезен во комбинација на црна и бела, украсните пернички со геометриски принтови, како и минималистичките декоративни садови со кои ќе го облагородите дневниот престој или кујната.

 

 

Објавено:
11 јануари 2019
Категорија: 
Архитектура
Прочитано:
1.021 пати