Перници од кадифе – декорации што ќе го облагородат ентериерот!

26 септември 2020

Кадифето е благороден материјал што се карактеризира со отмен и елегантен доем. Независно во каква форма ќе се имплементира, во модниот или во дизајнот на ентериери, секогаш со себе ја носи сензуалната нота на луксуз.

Во овој текст се фокусираме на еден конкретен детаљ што може да го трансформра амбиентот во вашиот дом – кадифените перници.

Во многу примери и наврати се покажало колку е моќна улогата на деталите и како тие може да придонесат за комплетна трансформација на ентериерот.

Еден сет од перници од кадифе или комбинација од повеќе материјали и текстури, може комплетно да ја промени атмосферата во вашиот дневен престој, спалната или детската соба.

Ако посветите внимание и на финасите, тогаш може да направите различни тематски комбинации на сетови, врз основа на форма или нијанси, а земете го предвид и тоа што кога ќе ви здосади таквиот изглед, лесно може да го замените со нова комбинација.

Доза инспирација во продолжение...

Фото: Пинтерест

Објавено:
26 септември 2020
Категорија: 
Архитектура
Прочитано:
692 пати