Пинтерест инспирација: Дома како тропска оаза

3 август 2022

Претворете го домот во летна тропска оаза, само со минимална интервенција.

Како? Наједноставно да го постигнете егзотичниот ефект, е преку деталите.

Мала промена која може да направи голема разлика и да ви донесе пријатна, тропска атмосфера во домот.

На ѕидовите поставете сетови рамки со слики со тропски мотиви или пак постоечките навлаки на перниците заманете ги со такви со егзотични принтови или везови.

Дозволете ѝ на белата боја да доминира преку изборот на постелнина за спалната сона или прекривки за гарнитурата во дневната соба, а акцентирајте со детали во зелени тонови.

Додадете по некој плетен декоративен елемент. Тоа би можело да биде плетена саксија за цвеќе или подметачи за трпезариската маса.

Ќе ви помогнеме со визуелизација на идеите преку неколку супер креативни примери од Пинтерест.

 

Објавено:
3 август 2022
Категорија: 
Архитектура
Прочитано:
178 пати