Пинтерест инспирација: Суво цвеќе како топол есенски декор во домот

24 септември 2020

Аранжман со суво цвеќе е атрактивен декор што со себе го носи мирисот на есента во домашниот амбиент.
Трендовите во уредувањето актуелни на Пинтерест, ја потврдуваат нивната ефективна декоративна улога во освежувањето на атмосферата во современото домување.

Можностите како сувото цвеќе ќе го вметнете во декорот на вашиот дом зависат од вашата фантазија, што подразбира дека се неограничени.

Може да се одлучите за поедноставен и посуптилен букет со суво цвеќе што ќе го сместите на масата во дневната соба или пак повпечатлив декор поставен во висока стаклена вазна, што ќе заземе централна позиција покрај ѕидот со галерија со семејни фотографии.

Исто така може да го бирате и колоритот, па да внимавате на тој сегмент да се вклопи со остатокот од боите што доминираат во ентериерот.

За топло и удобно чувство, особено придонесуваат земјените тонови што создаваат смирувачки амбиент, па затоа и се најзастапени во актуелните трендови што ги предлага Пинтерест.

 

Објавено:
24 септември 2020
Категорија: 
Архитектура
Прочитано:
3.034 пати