Плетен мебел: Хит во уредувањето на пролетните тераси

7 мај 2022

Користењето на природни материјали при изработката на мебел во последно време станува сѐ почеста практика, заедно со сѐ погласните апели за зголемување на еколошката свест во секојдневното функционирање.

Така се создаваат и нови (односно се актуелизираат стари) трендови во дизајнот на мебел што вклучуваат бамбус или јажиња кои се идеални за техниките за плетење, како исклучително популарни оваа сезона.

Мебелот изработен врз основа на техники на плетење е лесен, флексибилен, а како декор создава топол, природен и пријатен амбиент. Карактеристичен е за уредувањето на ентериерот и екстериерот на просториите во населените места на Медитеранот, но со оглед на тенденциите оваа година, овој тип на мебел добива на глобална популарност во индустријата.

Особено е интересен и привлечен за уредување на терасите и балконите, па плетени столчиња, фотелји или масички ќе најдете во различни и атрактивни комбинации, како овие во продолжение...

Објавено:
7 мај 2022
Категорија: 
Архитектура
Прочитано:
2.203 пати
Тагови: 
плетен мебел