Плетени детали во ентериерот за топла зима

16 ноември 2016

Студеното време и зимата некако секогаш не тераат поголемиот дел од времето да го поминуваме во нашите топли и удобни домови.

Додека сѐ уште температурите не паднале под нулата, она што треба да го направите е да си набавите неодоливи украси и детали за домот во кој ќе уживате во студените месеци.

Свеќи со неодолив мирис, зимски украси, топли ароми од кујната се само некои од деталите кои потсетуваат на магичната зимска атмосфера која толку ја обожаваме.

Она што оваа зима е вистински хит во светот на ентериерот се плетените детали во домот кои совршено ќе ја надополнат зимската идила.

Топлата атмосфера во домот заокружете ја со плетените ќебиња кои покрај тоа што ќе ве стоплат, ќе направат домот да ви изгледа како вистинско зимско царство.

Интересната текстура и плетка на овие ќебиња и перничиња се нешто што знаеме дека веднаш ќе ви се допадне, а истите ќе внесат дизајнерска и уметничка атмосфера во домот.

Покрај плетените ќебиња и перничиња, тука се и удобните плетени табуретки и други украси кои ќе направат да уживате во секое ќоше.

Посебно внимание од колекцијата на Etsy привлекуваат и слатките мали перничиња во разни форми, а особено она во вид на кактус кое ќе го украси и разубави секој кревет.

 

Објавено:
16 ноември 2016
Категорија: 
Архитектура
Прочитано:
1.118 пати