Поглед од балкон кон Париз – стан во кој е пресликана француската романтика

12 септември 2020

Мини кроасани на балкон со широк поглед кон Париз.

Ова е непроценливото богатство што го нуди еден совршено уреден стан лоциран во француската престолнина, што во себе го собрал сиот нејзин шмек.

Кога фантазираме за Париз, мислиме и на еден ваков апартман кој во секое ќоше и катче сместил парче од француската шик естетика.

Уреден во ретро елегантен фазон, во него дише безвременската класика. Луксузот е постигнат благодарение на комбинацијата на екстравагантни сини тонови и високите плафони.
Пространството од дневна светлина што допира преку високите прозорци, директно комуницира со животот во Париз.

Мебелот и деталите изработени од дрво и контрастите доловени преку темните и светли детали, креираат слоевитост што го облагородува просторот.

Какво убаво искуство, дури само преку фотографија!

Фото: Living4media

 

Објавено:
12 септември 2020
Категорија: 
Архитектура
Прочитано:
741 пати