Поглед во домот на Меган и Хари во Беверли Хилс – импозантен имот облечен во луксуз

20 мај 2020

Принцот Хари и Меган Маркл годинава неколкупати се преселија и ја сменија локацијата на домување, по сплетот на сите околности што ги следеа периодов.

Откако започна корона кризата, тие од Канада се преселија во Беверли Хилс, Лос Анџелес, сметајќи дека тоа е најбезбедната локација за нив и нивниот едногодишен син Арчи.

Фото: MEGA, Daily mail

Сега тие престојуваат на имот вреден 18 милиони долари, во еден од најелитните квартови во Беверли Хилс, инаку во сопственост на познатиот актер и продуцент, еден од најплатените мажи во Холивуд, тајкунот Тајлер Пери.

Благодарение на постари фотографии што тој ги има објавено на својот Инстаграм профил од овој импозантен имот, јавноста сега може да добие претстава каде всушност живеат Меган и Хари.
Луксуз секако е првата помисла што ви паѓа на памет кога ќе ги погледнете фотографиите.

Со осум спални соби, 12 купатила, простран дневен престој со високи плафони, ексклузивни материјали искористени во уредувањето на ентериерот, тераси со спектакуларен поглед и секако базен, оваа вила е олицетворение на живото на „висока нога" карактеристичен за холивудските ѕвезди.

Фото: Инстаграм

 

Објавено:
20 мај 2020
Категорија: 
Архитектура
Прочитано:
2.282 пати